Свет Борби за Палмира – загинаа 26 провладини сириски војници

Борби за Палмира – загинаа 26 провладини сириски војници

Најмалку 26 провладини борци загинаа во судирите со припадниците на Исламска држава во близина на древниот град Палмира, соопшти Опсерваторијата за човекови права.

Опсерваторијата за човекови права наведува дека Исламска држава одбила офанзива на силите лојални на сирискиот режим и притоа загинале најмалку 26 борци.

Во меѓувреме, „авиони за кои се верува дека се руски, извршиле удари на одредени делови на Палмира, источната провинција Хомс, како и Ел Карјатајн, на југоистокот на земјата“, се наведува во соопштението.

ИД го зазеде древниот град, кој е под заштита на УНЕСКО, во мај минатата година.