Свет Бомбашки напад во југоисточниот турски округ Дијарбекир

Бомбашки напад во југоисточниот турски округ Дијарбекир

Пет луѓе се повредени денеска, меѓу кои и двајца полицајци, во бомбашки напад врз оклопно полициско возило во градот Диџле, во југоисточниот турски округ Дијарбекир.

Оклопното возило било нападнато во момент кога минувало покрај државната болница во Диџле.

Бомбашките напади врз турските сили за безбедност зачестија по пропаѓањето на примирјето со курдските бунтовници во јули минатата година.