Македонија Богдановиќ повика граѓаните да пријавуваат обиди за труење животни

Богдановиќ повика граѓаните да пријавуваат обиди за труење животни

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ги повика граѓаните граѓаните доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје веднаш да се јават на телефонските броеви: 070 424685 на Емилија Поповска и 075 437068 на Јулија Малахова.

Граѓаните треба да пријават и напуштени домашни миленичиња.

Богдановиќ побарал од командирот на Полициската станица Центар да се зајакнат полициските контроли за да се спречат обиди за труење на животните.

Во Скопје во изминативе три дена имаше неколку случаи на отруени улични животни, по случајот од петокот, кога напуштен ротвајлер изгриза десетина луѓе.