Дописници Битолчани со поддршка за притворените Савески и Куновски

Битолчани со поддршка за притворените Савески и Куновски

Група од дваесетина битолчани денеска во 10 часот се собраа пред Основниот суд во Битола за да искажат поддршка на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски.

На двајцата членови на новоформираната партија им се суди за учество во толпа на протестите на „Шарената револуција“.

Никола Славески, член на левица од Битола, рече дека во општество каде политичарите од власта се аболирани за 15 кривични дела, а исто така демонстрантите од општина Центар воопшто не беа притворени, бесмислено е да се апсат демонстранти од „Шарената револуција“ кои се против аболицијата на претседателот Иванов.

Тој побара судот веднаш да ги ослободи Савески и Куноски, неговите сопартијци од Левица, кои веќе 15 дена се во куќен притвор.