Дописници Бејли: Со ЕУ работиме да осигураме дека договореното ќе биде исполнето пред...

Бејли: Со ЕУ работиме да осигураме дека договореното ќе биде исполнето пред изборите

Заедно со Европската Унија работиме на исполнување на тоа што политичките партии го договорија во јули, а го дополнија во август. Работиме на тоа да осигураме дека договореното ќе биде исполнето во пресрет на изборите.

Ова синоќа го изјавил американскиот амбасадор Џес Бејли во Штип на свеченост по повод доаѓањето на нова група од 50 волонтери на Мировниот корпус.

– Но, на крајот од денот, тоа е одлука на вашите политичари, политичките партии и, конечно, на граѓаните како ќе ги решат овие работи. Сè уште има отворени прашања за кои вие треба да одлучите – одговорил Бејли на новинарско прашање за актуелната политичка состојба.

За тековните средби со политичарите, разговорите со претставници на албанските партии и за постоењето на одредени иницијативи, амбасадорот Бејли не одговорил прецизно, туку изјавил дека луѓето од амбасадата такви средби одржуваат секојдневно.