Свет Балкан Бегалците го искршија бифето кај Идомени

Бегалците го искршија бифето кај Идомени

Бегалците во кампот кај Идомени поминаа уште една тензична ноќ. Околу 1 часот по полноќ, неколкумина бегалци предизвикале инцидент кога не успеале да ја убедат вработената во продавничката и во бифето на железничката станица продавницата да остане отворена цела ноќ за да може да купуваат храна.

Според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, околу 30 бегалци го нападнале просторот и ги искршиле сите прозорци, причинувајќи материјална штета на малата бифе-продавница на станицата.

На Идомени и понатаму има повеќе од 10.000 бегалци, со тоа што сè поголем број семејства со деца одлучуваат да си заминат поради секојдневните судири и протести.

Во меѓувреме, во Грција бројката на бегалци достигна 53.925 лица низ целата земја. Од нив најголем број се во Северна Грција, каде според официјалните лица иа 29.619 бегалци. Во Атина се сместени 14.936 лица, а 7.178 бегалци има на островите.