Свет Балкан Бајден жали поради цивилните жртви при НАТО-бомбардирањата во 90-тите

Бајден жали поради цивилните жртви при НАТО-бомбардирањата во 90-тите

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во телефонскиот разговор со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изразил жалење поради цивилните жртви за време на акцијата на НАТО во 1999 година, како и војните во текот на 90-те години, објавено е на интернет-страницата на Белата куќа.

Бајден и Вучиќ вчера телефонски разговарале, на денот кога Србија обележа 17 години од почетокот на бомбардирањето на поранешна Југославија.

Истовремено, Бајден ја пофалил визијата на Вучиќ и напорите да изгради европска иднина на Србија.

„Двајцата лидери повторни го истакнале значењето на блиските односи меѓу САД и Србија и се согласиле дека е потребно да се сочува моментот и дијалогот меѓу Србија и Косово за да се промивира стабилноста и просперитетот на сите луѓе во регионот“, стои во соопштението.