Свет Европа Австрија ја „отвори вратата“, бегалците пристигнаа во Виена

Австрија ја „отвори вратата“, бегалците пристигнаа во Виена

Неколку стотици бегалци со повеќе возови пристигнаа од Будимпешта во Виена, соопшти австриската полиција.

По пристигнувањето на виенската станица Вестбанхоф, голем дел од бегалците се прекачиле во друг воз и се упатиле кон Салцбург, а друга група заминала за Минхен. Целиот процес бил надгледуван од полицијата.

Австриската железница претходно соопшти дека еден воз бил задржан на граница затоа што бил преполн, додека полицијата соопшти дека ќе проверува дали бегалците барале азил во Унгарија за да не ги пропушта доколку го сториле тоа.

Другите мигранти ќе можат да останат во Австрија две недели, додека не одлучат дали ќе бараат азил во таа земја. Оние кои нема да побараат азил во Австрија, ќе бидат вратени во последната земја од нивниот транзит, изјави портпаролот на полицијата.

Од вчера на границата на истокот на Австрија се применува контрола како пред почетокот на примената на Шенгенскиот договор.