Свет Авганистанските талибанци на мировни преговори со претставници на САД

Авганистанските талибанци на мировни преговори со претставници на САД

Извори на авганистанските талибанци денеска изјавија дека нивните преговарачи ќе одржат прв круг мировни преговори со американските претставници во Катар во текот на денов.

– Првиот круг ќе се одржи денеска во Катар, за потоа да има уште еден круг в петок. Ќе видиме што ќе се договори бидејќи претходните разговори не донесоа никакви резултати – изјавил талибанскиот претставник во телефонска изјава од Катар.

Засега нема коментар од американските и од катарските претставници.

Претходните напори за постигнување дипломатско решение за ставање крај на војната, која почна во 2001 година, се покажаа бесполезни, но последните сигнали од авганистанските талибанци покажуваат подготвеност за преговори.