Свет Свет Авганистан: Талибанците прогласија примирје поради земјотресот

Авганистан: Талибанците прогласија примирје поради земјотресот

Талибанците прогласија прекин на огнот во деловите на Авганистан што во понеделникот беа погодени од земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

– Ги повикуваме нашите муџахедини да се воздржат од напади врз сите што се обидуваат да им помогнат на жртвите на земјотерсот, вклучувајќи ги тука и претставниците на Владата во Кабул – соопшти портпаролот на талибанците, Забиулах Муџахид, додавајќи дека ќе отворат оган само доколку бидат нападнати.
Засега не се знае до кога ќе трае едностраниот прекин на огнот.