Подглавна секција Еден загинат и повеќе повредени при експлозија на бомба на доделување новинарски...

Еден загинат и повеќе повредени при експлозија на бомба на доделување новинарски награди во Авганистан

Полицискиот портпарол Асиф Вазири, рекол дека меѓу ранетите има и три деца и новинари, а убиен е чуварот надлежен за обезбедување на настанот

Фото: The image was posted by David Mark on Pixabay

При експлозија на бомба во северниот дел на Авганистан, загина едно лице, а повредени се деца и неколку новинари, пренесуваат светските медиуми.

„Експлозијата се случила во центарот „Табиан Фарханг“ во Мазар-е Шариф, главниот град на провинцијата Балх, околу 11 часот кога новинарите се собирале на церемонијата на доделување награди“, изјави Мохамад Асиф Вазири, портпарол на локалната талибанска полиција.

„Слушнав голем удар… потоа настана хаос додека сите се обидуваа да најдат начин да избегаат“, изјавил за новинската агенција АФП авганистанскиот новинар Атиф Аријан, кој бил ранет во експлозијата.

„Некои новинари се тешко ранети“, изјавил тој.

Полицискиот портпарол Асиф Вазири, рекол дека меѓу ранетите има и три деца, а дека е убиен чуварот надлежен за обезбедување на настанот.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Експлозијата се случува два дена откако бомбаш самоубиец го уби талибанскиот гувернер на северната провинција Балх, во напад за кој одговорноста ја презеде ИСИС.