Економија Анѓушев до компаниите од Гевгелија: Поврзувањето на гасоводот ќе овозможи нови проекти

Анѓушев до компаниите од Гевгелија: Поврзувањето на гасоводот ќе овозможи нови проекти

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на средбата со стопанствениците од Гевгелија рече дека поврзувањето на гасоводот ќе даде простор за нови проекти и ќе го намали трошокот на компаниите и граѓаните.

„Гасоводната цевка, која што ќе биде интерконектор со Грција, е следниот приоритетен проект во делот на енергетиката. Од Неготино до Грција ќе се поврземе гасоводно и дел од таа цевка ќе има излез во Гевгелија и ќе отвори простор за нови перспективи за градот, за помалку загадување и користење поеколошки горива. Мислам дека Гевгелија има сериозни перспективи, како најблизок град до Грција и како резултат на пријателството и добрите односи со Грција што е една од најразвиените земји во регионот. А Гевгелија со својата позиционираност ќе има сериозен бенефит од овие односи и политички настани”, рече Анѓушев.

Премиерот Зоран Заев и Анѓуѓев денеска во Гевгелија им порачаа на компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со грчките партнери што доаѓаат од новите развојни можности од Преспанскиот договор.