Македонија Амбасада на САД: Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители

Амбасада на САД: Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители

Со реакција за одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници обвинители, се јави и американската амбасада во Македонија. Од Амбасадата на САД велат дека се загрижени поради одлуката на Советот.

„Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата“, пишува во реакцијата на американската амбасада.

Реакција за оваа одлука имаше и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте. Според него, одлуката на Советот го крши Законот за специјален јавен обвинител за кој сите политички партии потпишаа дека ќе се почитува.

По одлуката на Советот, СДСМ ги напушти преговорите на работните групи.