Македонија Амбасадата во Анкара и Конзулатот во Истанбул по силниот земјотрес во Турција...

Амбасадата во Анкара и Конзулатот во Истанбул по силниот земјотрес во Турција достапни за информации 24 часа

Фото: Архива на Мета.мк

По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Турција, македонското Министерство за надворешни работи стапило во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул.

Од таму велат дека се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција, а за граѓаните на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања се следниве телефонски броеви:
+905394569710 во Анкара,
+905456149777 во Истанбул,
+ СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.