понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: урнатини | 11 резултати

Спасувачите од ДЗС спасија жена што била 114 часа во урнатините во Адијаман

11 февруари 2023

Спасувачите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на Северна Македонија вчера извлекоа жива жена од урнатините на зграда во Адијаман, откако таа минала 114 во кршот, по катастрофалните земјотреси што во понеделникот рано наутро ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија Успехот на ДЗС бил поздравен со овации. Спасената жена е 38-годишната Мелтем Унсал.

Бројката на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 9.600

8 февруари 2023

Двата разорни земјотреса и серијата помали потреси во понеделникот во југоисточна Турција и северозападна Сирија, досега однесоа над 9.600 човечки животи. Трескавично продолжува потрагата по преживеаните, во битка да се спасат што повеќе приклештени луѓе, поради смрзнувачките температури што владеат таму, јави Би-би-си. Досега се регистрирани дури 648 последователни потреси. Некои од спасените од урнатините […]

Амбасадата во Анкара и Конзулатот во Истанбул по силниот земјотрес во Турција достапни за информации 24 часа

6 февруари 2023

По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Турција, македонското Министерство за надворешни работи стапило во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул. Од таму велат дека се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција, а за граѓаните на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања се следниве телефонски броеви: […]

Ахметај не го исполни ветувањето – Драч сè уште покриен со отпад од земјотресот

8 јануари 2020

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“ го провери ветувањето на поранешниот министер за финансии, а сега министер за проценка и реконструкција Арбен Ахметај, кој вети дека отпадот од уништените објекти како резултат на земјотресот на 26 ноември (2019) ќе биде расчистен пред Божиќ. Врз основа на овие изјави, „Фактоје“ одлучи да ја провери состојбата […]

Се урна петкатна зграда во Неапол

7 јули 2017

Станбена зграда со пет ката се урна во близина на Неапол, а спасувачите се обидуваат да откријат дали под урнатините има затрупани лица. Пожарникарите за локалната телевизија „Скај ТГ24“ рекле дека стравуваат дека најмалку шест или седум лица се заробени под урнатините во местото Торе Ануцијата. Италијанската агенција АНСА пренесе изјави од очевидци кои велат […]

Се урна зграда во Казахстан, девет лица загинаа

2 јануари 2017

Најмалку девет лица загинаа кога се урна зграда во селото Шакан во централниот дел на Казахстан, соопштија локалните власти. Како што се наведува, несреќата се случила во неделата попладне, а според првите наоди, била предизвикана од експлозија во котларница. Од урнатините на зградата досега се извлечени девет лица, меѓу кои имало и три деца. Во акцијата […]

Најмалку 21 загинат во земјотресот во Италија, властите очекуваат бројката да се зголеми

24 август 2016

Официјалните власти на Италија потврдија дека бројката на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Централна Италија достигна 21 лице. – Спасувачките екипи најпрво ќе се фокусираат на извлекување на луѓето од урнатините и на спасување на нивните животи – изјавил првиот човек на италијанската цивилна заштита, Фабрицио Курчо, за италијанските медиуми. Портпаролот на италијанскиот […]

Страна 1 од 1