Свет Балкан Албанската влада донираше 50.000 евра помош за Тетово

Албанската влада донираше 50.000 евра помош за Тетово

Албанската влада издвои 50.000 евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите.

Во одлуката на албанската влада се вели дека се доделува финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени 50.000 евра.

Шефот на дипломатијата, Дитмир Бушати, на својот фејсбук-профил напиша:
„Денеска одобривме фонд од 50.000 евра како помош за надминување на вонредната состојба во Тетово“.