Свет Балкан Албанија очекува да добие позитивна препорака за членство во ЕУ

Албанија очекува да добие позитивна препорака за членство во ЕУ

Албанските медиуми пренесуваат дека официјални извори од Брисел потврдуваат дека Албанија ќе добие позитивна препорака за отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Главен услов за позитивна препорака се конкретните резултати од судските реформи што беа усвоени на 21 јули оваа година.

Секоја година развојот на државата ќе биде надгледуван и забележан во извештај на Европската комисија, на што Советот на Европската Унија ќе гласа дали ќе бидат отворени преговори за членство на Албанија или не.