Свет Европа Абдеслам тврди дека намерно не ја активирал бомбата во Париз

Абдеслам тврди дека намерно не ја активирал бомбата во Париз

Главниот осомнилен за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам одлучил да не го изврши самоубиствениот напад во Париз за да ги зачува животите на другите луѓе, изјавил неговиот брат Мохамед Абдеслам за француската телевизија БФМТВ.

Тој ова го изјавил по разговорот со својот брат Салах во затворот во Белгија, каде првоосомничениот за нападите ја чека екстрадицијата во Франција.

„Ќе имаше многу повеќе жртви доколку го направев тоа. Среќа, не бев во состојба да ја активирам бомбата“, му рекол Салах Абдеслам на својот брат.

Во терористичките напади во Париз од 13 ноември 2015 година загинаа 130 луѓе.

Дваесет и шестгодишниот Абдеслам беше уапсен во Брисел, минатиот месец, четири дена пред бомбашките напади во градот, во кој беа убиени 31 лица.

Според досегашната истрага на полицијата, истата терористичка мрежа стои зад нападите во Париз и во Брисел.