Видео 55 луѓе повредени во судир на воз и на камион во САД

55 луѓе повредени во судир на воз и на камион во САД

Педесет и пет луѓе биле повредени, од кои еден потешко, во судир на воз и на камион во областа Халифакс во сојузната американска држава Северна Каролина, пренесуваат медиумите.

Во моментот на несреќата, во возот имало 213 патници и осумчлен екипаж.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога возачот на камионот, во обид да сврти десно, се нашол пред возот.