Свет Свет 22 деца загинаа во Сирија при воздушни напади на училиште

22 деца загинаа во Сирија при воздушни напади на училиште

Во воздушни напади кои погодија училиште во сириската провинција Идлиб, која се наоѓа под контрола на бунтовниците, загинаа 22 деца и шест наставници, соопшти УНИЦЕФ.

– Тоа е трагедија и срамота. Ако е намерно направено, се работи за воено злосторство – изјави директорот на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

Тој, исто така, истакна дека училиштето било напаѓано повеќепати и дека можеби се работи за најсмртоносен напад од почетокот на војната пред пет години.

Странските медиуми потсетуваат дека организациите за човекови права ги обвинуваат силите на сириската влада и Русија дека извршуваат неселективни напади врз цивили. Од друга страна, Русија ја негира вмешаноста во овие напади.

Руските и сириските борбени авиони не летаа поблиску од 10 километри од сирискиот град Алепо изминатите девет дена, соопшти руското министерство за одбрана.