Свет Свет 14 патници загинаа во сообраќајна несреќа во Непал

14 патници загинаа во сообраќајна несреќа во Непал

Во сообраќајна несреќа во Непал загинаа 14 патници, а деветмина се повредени кога автобус преполн со патници излета од пат, изјавија официјални лица од областа Дадинг.

Автобусот превезувал луѓе и на покривот кога излетал од патот и паднал во провалија долга околу 300 метри.

Спасувачите дошле на местото на несреќата, а од Катманду бил испратен хеликоптер за да им помогне на повредените.

Сообраќајните несреќи во Непал се честа појава, а причините се лошите патишта и неодржуваните возила.