Спорт 12.000 евра казна за Македонската фудбалска федерација

12.000 евра казна за Македонската фудбалска федерација

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 12.000 евра.

Телото за контрола, етика и дисциплина ја изрече оваа казна за ФФМ поради однесувањето на дел од гледачите на трибините на „Филип Втори“ на квалификацискиот натпревар за ЕП 2016, Македонија -­ Луксембург, на 9 октомври, за употреба на ласер.