Свет Жестоки судири на протестите во Киев

Жестоки судири на протестите во Киев

Неколку десетини полицајци, новинари и граѓани се повредени во силната експлозија што се случи за време на протестите пред зградата на украинскиот парламент во Киев.

Судирите меѓу полицијата и демонстрантите избија откако парламентот ги одобри уставните измени, со кои на источните региони на земјата им се дава посебен статус и децентрализација од државата. Амандманите ги предложи украинскиот претседател Петро Порошенко.

Репортерите јавуваат дека приврзаниците на десничарската група „Десен сектор“ брутално ги напаѓале полицајците.