Свет Жени самоубијци се разнесоа меѓу ирачки војници во Мосул

Жени самоубијци се разнесоа меѓу ирачки војници во Мосул

Две жени самоубијци, криејќи се меѓу цивилите кои бегаа од Мосул, денеска се разнеле со бомби меѓу ирачките војници во тој град.

Ирачкиот офицер, Али Абдулах Хусеин соопшти дека за време на нападот настрадал еден војник, а неколку се повредени.

– Тоа беше најновиот контранапад на Исламска држава, во момент кога ирачките сили се приближуваат до последните упоришта на џихадистичката организација во Стариот град во Мосул. Користењето жени како бомбаши самоубијци очигледно е најнова тактика на екстремистите – вели Хусеин.

По повеќедневните жестоки борби, територијата која е под контрола на екстремистите во Мосул, вториот најголем град во Ирак, сè повеќе се намалува. Во моментов ИД под контрола држи нешто повеќе од еден квадратен километар.