Хроника Жена загинала во пожар во струмичко Куклиш

Жена загинала во пожар во струмичко Куклиш

Шеесетгодишна жителка на струмичкото село Куклиш го загубила животот во пожар што синоќа околу 22.30 часот избувнал во куќа во селото, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, станува збор за Еленка З., која починала од труење со чад. Таа спиела во моментот кога избувнал пожарот на долниот кат од куќата, кој целосно изгорел.

Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош.

Пожарот бил изгаснат од струмичката противпожарна бригада, а полициска екипа и јавен обвинител извршел увид на местото, по кој треба да бидат утврдени причините за пожарот.