Свет Балкан Жена и дете загинале во експлозија на бомба кај Осиек

Жена и дете загинале во експлозија на бомба кај Осиек

Седумгодишно дете и 36-годишна жена загинале, а уште три деца биле повредени во експлозија на рачна бомба во местото Бело Брдо во близина на Осиек, јавува хрватската државна телевизија (ХРТ).

Повредените деца веднаш биле префрлени во Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Осиек.

Портпаролот на осиечко-барањската полициска управа, Дарио Премец, изјавил дека станувало збор за експлозија на засега непозната експлозивна направа и дека во тек бил увид за утврдување на околностите што довеле до трагедијата.

Според неофицијални информации на ХРТ, во експлозијата настрадале членовите на семејство од ромска националност, а бомбата ја нашле деца на игралиште во близина на нивниот дом.