Економија Зголемени цените за разговор на мобилен и за мобилен интернет, се бара...

Зголемени цените за разговор на мобилен и за мобилен интернет, се бара трет оператор

Просечната цена за една минута разговор на мобилен телефон е зголемена за повеќе од 15 проценти, а мобилниот интернет поскапува приближно за 20 отсто, информираа од Агенцијата за електронски комуникации.

Како причина за поскапувањето се наведуваат промените на пазарот на мобилната телефонија, откако се споија „Македонски телеком“ и „Т-Мобиле“, како и „Оне“ и „Вип“, кои по преземањето и на кабелскиот оепратор „Близу“ настапуваат како една компанија.

Поради овие промени на пазарот и поскапувањето на овие услуги од АЕК велат дека минатата недела испратиле повеќе од 70 писма за заинтерeсираност до светски реномирани оператори за новите услови што ги создава за влез на нов мобилен мрежен оператор и за условите за влез на виртуелен мобилен оператор на македонскиот пазар.

Уште со спојувањето на „Вип“ и „Оне“, од АЕК беше најавено дека за да нема посериозни потреси на пазарот, ќе се бара трет, виртуелен оператор.