Свет Свет Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 210 километри и на 39 километри од градот Ишкашим.

Потресите се почувствувани и во Индија, Пакистан и во Таџикистан.

Сведоците раскажуваат дека земјотресот бил почувствуван во главните градови на Авганистан и на Пакистан, а неколку згради биле евакуирани и во Њу Делхи.