Подглавна секција Земјотрес од 7,2 степени утрово го погоди Таџикистан, засега нема информации за...

Земјотрес од 7,2 степени утрово го погоди Таџикистан, засега нема информации за жртви

Фото: Викимедиа комонс

Земјотрес од околу 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, објави кинеската државна телевизија, повикувајќи се на информации од Кинескиот центар за земјотресни мрежи.

Епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина и силно бил почувствуван во некои области во западниот кинески регион Ксинџијанг, вклучувајќи ги Кашгар и Артукс. Засега нема информации за жртви. Снабдувањето со електрична енергија и комуникацијата се нормални во Кашгар, пренесува Ројтерс.

Железничкиот сообраќај во Ксинџијанг е запрен, посебно на оние возови кои сообраќаат во делот Аксу до Кашгар. Локалните власти ги проверуваат мостовите, тунелите и опремата за сигнализација.