Македонија Земјотрес од 4 степени го затресе Охридско

Земјотрес од 4 степени го затресе Охридско

Земјотрес со магнитуда од 4 степени според европската макросеизмичка скала е регистриран од сеизмолошката станица во Охрид, се дознава од извештајот на Евро-медитеранскиот сезимолошки центар.

Земјотресот во 11.12 часот се случил на длабочина од 2 километри, а епицентарот бил на 10 километри североисточно од Охрид.