Македонија Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер утрово во битолско-преспанското подрачје

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер утрово во битолско-преспанското подрачје

Фото: Сеизмограм од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ - Скопје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утрово регистрирала земјотрес на 106 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Битола.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 6.15 часот, а имал Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.