Свет Свет Земјотрес ја погоди Индонезија, можно е цунами

Земјотрес ја погоди Индонезија, можно е цунами

Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран на длабочина од 47 километри, со епицентар 134 километри северо-западно од Тернате, покрај Молукските Острови во Индонезија. Набргу потоа бил забележан уште еден земјотрес со јачина од 6,2 степени според скалата на Рихтер.

Нема податоци за жртви и за настаната штета, но неколку стотици жители ги напуштаат своите домови поради опасност од цунами.
Властите велат дека не се очекува големо цунами кое би можело да го зафати целиот Пацифик, но можни се локални цунами-бранови на бреговите кои се наоѓаат на 300 километри од епицентарот на земјотресот. Опасност од цунами има во Индонезија, Филипини, Папу, Нова Гвинеј, Соломонските Острови, Маршалските Острови, но и во Тајван и на Окинава.