Македонија Земјотрес во Гостиварско, се почувствува и во Скопје

Земјотрес во Гостиварско, се почувствува и во Скопје

Земјотрес од 4 степени според Европската макросеизмичка скала се случи вчера во 20.56 часот во подрачјето на Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија, го утврдила епицентарот на 40 километри западно од Скопје, во Гостиварско, а Рихтеровата магнитуда на земјотресот на 3,2 степени.

Земјотресот е почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино, е почувствуван со интензитет од 3 степени според истата скала.