Македонија Заврши собирањето потписи за претседател, останаа седум кандидати

Заврши собирањето потписи за претседател, останаа седум кандидати

Кандидатите се Стево Пендаровски од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи од ДУИ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска од Левица, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари од здружената албанска опозиција

Локални избори 2021, Скопје, 31.10.2021 | Фото: Мета.мк

На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидат за претседател, со што останаа седум кандидати од вкупно 15. Тие се Стево Пендаровски од СДСМ со обезбедени 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени 28.086 граѓански потписи, Бујар Османи од ДУИ со 11.085 потписи, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 11.605 потписи, Билјана Ванковска од Левица, која обезбеди 10.559 потписи, Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 11.290 потписи и Арбен Таравари од здружената албанска опозиција со 10.710 потписи за поддршка.

Останатите осум кандидати имаат собрано вкупно под 2.800 потписи. Двајца од кандидатите имаат обезбедено само по шест потписи, а Томе Николоски е нема обезбедено ниту еден потпис.

Изборната кампања ќе започне на 4 април и ќе трае до 22 април на полноќ.