Дописници Заврши реставрацијата на зградата на музичкото училиште во Битола

Заврши реставрацијата на зградата на музичкото училиште во Битола

Заврши реставрацијата на една од зградите на музичкото училиште, на булеварот 1 Мај во Битола, финансирана од Министерството за култура.

На промоцијата денеска присуствуваше министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која најави дека со пари од буџетот ќе се реставрираат голем број фасади на стари објекти во градот кои имаат културно-историска вредност.

– Овој објект е од 1907 година и потребна беше реставрација на фасадата. За тоа министерството досега издвои 1,3 милиони денари. До крајот на годината ќе биде завршена реставрацијата на фасадата на Горната гимназија и на Безистенот. Вкупната сума за целокупните активности ќе надмине 40 милиони денари – рече министерката Канческа-Милевска.

Според конзерваторите од Завод и музеј Битола, реставрацијата е со варов малтер, а не со цемент. Објектот на музичкото училиште на почетокот од 20 век бил турски суд, по што со текот на годините ја менувал својата функција.

Следна е промоцијата на реставрацијата и конзервацијата на Јени-џамија во Битола.