fbpx
Таг: реставрација

таг: реставрација

Започна првата фаза од конзервацијата и реставрацијата на скопскиот Аквадукт

Еден од главните симболи на македонскиот главен град - Скопскиот аквадукт од денеска влезе во процес на конзервација и реставрација. Министерката за култура Ирена Стефоска, придружувана од директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов и директорот на Конзерваторскиот центар - Скопје Коле Чапкановски, денеска ја презентираа реализацијата на првата фаза од овој проект, информираат од Министерството...

Со 6 милиони денари се реставрираат конаците во манастирот Св. Пантелејмон на Водно

За реконструкција и реставрација на конаците во комплексот Св. Пантејлемон на Водно, Министерството за локална самоуправа, на барање на општина Карпош, одобри 6 милиони денари, средства со кои се интервенира во внатрешноста и надворешноста на просториите, со цел враќање и задржување на нивната автентичност, и оригиналноста на изгледот на манастирскиот конак. „За овој проект аплицираше локалната власт, и Министерството, заедно...

Владата ќе помогне во реставрацијата на катедралата Нотр Дам

Владата на денешната 130. седница донела одлука да се вклучи во поддршката за реставрација на катедралата Нотр Дам. „Владата го задолжи Министерството за надворешни работи на нашата земја да стапи во контакт со МНР на Република Франција за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква Нотр Дам, со цел да се определи...

Ќе се конзервира иконостасот во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп

Иконостасот во прилепската црква „Свето Благовештение“ годинава конечно ќе се конзервира. Министерството за култура го прифати барањето и проектот на „Завод и Музеј- Прилеп“ и одобри 300.000 денари за заштита на ова ремек-дело на зографот Петре Гарката, изработено пред 180 години, кога е и градена оваа црква во Прилеп. Според стручњаците, иконостасот – резба во дрво, е со непроценлива вредност,...

„Завод и музеј“ ќе реставрира уште 10 објекти во Охрид и во Струга

Националната установа „Завод за заштита на спомениците и музеј“ од Охрид работи на елаборати за ревалоризација на 10 објекти од профана архитектура на територијата на општините Охрид и Струга. Станува збор за конзерваторско-реставраторски зафат на ѕидовите од подградието на Самоиловата тврдина, во секторот 4, кој е во втора фаза, потоа конзервација и реставрација на камбанарија од манастирскиот комплекс „Св. Богородица...

Заврши реставрацијата на зградата на музичкото училиште во Битола

Заврши реставрацијата на една од зградите на музичкото училиште, на булеварот 1 Мај во Битола, финансирана од Министерството за култура. На промоцијата денеска присуствуваше министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која најави дека со пари од буџетот ќе се реставрираат голем број фасади на стари објекти во градот кои имаат културно-историска вредност. - Овој објект е од 1907 година и потребна беше...

Канческа-Милевска и Бејли ја претставија реставрираната „Св. Богородица Перивлепта“

Со свеченост на која присуствуваа министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, како и митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, денеска во Охрид беше претставен на јавноста комплетно конзервираниот и реставриран фрескоживопис во црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Конзервацијата траеше точно три години, додека истражувачките работи на архитектурата и на фрескоживописот се почнати уште во 2010 година. Во овој период,...

Тетовското кале ќе се реставрира

Ќе се реконструира и реставрира дел од тетовското кале, најавуваат од Министерството за култура. Ќе се изврши конзервација, реставрација, санација и реконструкција на влезната партија од овој археолошки локалитет. Работите целосно ќе бидат завршени во текот на следната година. За време на реставраторските зафати, кои изминатиов период се одвиваа на тетовското кале, беа пронајдени многу остатоци од неолитот, античкиот и...

Конзервација и реставрација на Магаза во Охрид

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на културното наследство и музеј Охрид, ќе работат на санацијата и на реставрацијата на фасадата на објектот наречен Магаза, лоциран на улицата Климент Охридски во Охрид, на источната страна од старата Охридска чаршија, во непосредна близина на Чинарот, односно на плоштадот Крушевска Република. Санацијата и реставрацијата на објектот изграден...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...