Свет Затворени училишта во Лос Анџелес поради терористички закани

Затворени училишта во Лос Анџелес поради терористички закани

Сите училишта во Лос Анџелес се затворени поради неидентификувани терористички закани.

Светските агенции јавуваат дека 634.000 ученици се вратени дома за истражителите да можат да пребараат повеќе од 1.200 основни и средни училишта.

Портпаролката на одделот за образование, Елен Морган, ја објави одлуката, но не откри повеќе детали.

Округот во кој школите се затворени, покрај Лос Анџелес, опфаќа и 30 помали населби.

Заканите доаѓаат само неколку недели по нападот во Сан Бернандино, на околу 100 километри источно од Лос Анџелес, при што беа убиени 14 лица.