Свет Почнаа разговорите за обнова на дипломатските односи меѓу САД и Куба

Почнаа разговорите за обнова на дипломатските односи меѓу САД и Куба

Денеска почнаа разговорите за обновување на дипломатските односи меѓу САД и Куба.

Американската делегација ја предводи Роберта Џакобсон, прва помошничка на државниот секретар, додека на чело на кубанската делегација е Жозефина Видал, која работи на одделот за работи со САД.

Состанокот кој почна денеска, а треба да трае два дена, е прв откако претседателите Барак Обама и Раул Кастро објавија дека постигнале историски напредок по една година тајни преговори.

Разговорите денеска се насочени на иселеничките прашања, а утре во фокусот ќе биде обновата на дипломатските врски.