Дописници Запленети фалсификувани шампони и патики во Тетово

Запленети фалсификувани шампони и патики во Тетово

Десет фирми во Тетово продавале и дистрибуирале фалсификувани производи, откри полицијата при денешната координирана акција со Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот пазарен инспекторат и со Царинската управа.

Во акцијата, меѓу другото, биле запленети фалсификувани патики и шампони.

– Целта на ваквите акции е да се отстрани оваа незаконска појава, но и да се заштитат потрошувачите – изјави претседателот на Координативното тело за интелектуална сопственост, Мите Костов.

Во денешната акција, беа контролирани 13 правни субјекти, а за тие што работеле спротивно на законот ќе следуваат пријави.

Најниските глоби за ваквите видови прекршоци изнесуваат 5.000 евра, а предвидени се и затворски казни.

З.Д.