Свет Европа Запленет еден тон кокаин во Франција

Запленет еден тон кокаин во Франција

Француската полиција во магацин во францускиот град Бајон заплени повеќе од еден тон кокаин, кој со авион е пренесен од Колумбија, изјави обвинител од градот Бордо.

Се проценува дека вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 100 милиони евра.

Во акцијата се уапсени десет лица од Колумбија, Франција, Шпанија и од Холандија, под сомнеж дека се вмешани во внесувањето на кокаинот во Франција.