Свет Замрзнат дожд ја парализира Австрија

Замрзнат дожд ја парализира Австрија

Замрзнат дожд и магла ги опкова австриските покраини Штајерска, Долна Австрија и Бургенланд, поради што бројни школи останаа затворени.

Пожарните служби имале полни раце работа со отстранување дрва кои се скршиле поради тежината на мразот.

Особено се погодени региони на надморска височина меѓу 600 и 1.400 метри, каде студениот дожд создаде апстрактни зимски скулптури.

Во Долна Австрија, поради замрзнатиот дожд, на територијата на општината Цветл, денеска се затворени десетина училишта.