Свет Балкан Закани од Исламска држава до Балканот

Закани од Исламска држава до Балканот

Во видеопораката која гласи „Ние сме исламски калифат-касида“, Србија од исламските терористи е означена како почетна мета, односно центар на Балканот кој прв треба да го освојат, по што следуваат останатите земји меѓу кои се и БИХ, Хрватска, Македонија и Црна Гора, пишува „Блиц“.

Во видеозаписот објавен на 10 јули, екстремистите по освојувањето на Србија, планираат да ги нападнат Хрватска, Црна Гора, БИХ, Албанија, Македонија и Косово и на тој начин исламската власт да ја прошират на целиот Балкан.

Целата видеопорака ја следи и касида, која е верска песна со која исламистите му се закануваат на Балканот.

– Радувајте се Балканци, ви се ближат подобри денови, ви доаѓаат муслиманите, ние сме исламски калифат – се вели во пораката за сите држави на Балканот.