Македонија Заев: Придонесот на САД за демократијата во Македонија е од огромно значење

Заев: Придонесот на САД за демократијата во Македонија е од огромно значење

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска упати честика до претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод неговата инаугурација, во која изрази надеж дека САД ќе продолжат со поддршката за земјава на нејзиниот пат за евро-атлантска интеграција.

„За граѓаните на Македонија од огромно значење е придонесот на САД во развојот на демократските процеси и почитувањето на човековите слободи и права во земјава. Исто така, од големо значење е поддршката на САД за безбедноста на Република Македонија и на целиот регион. Иднината на Македонија како држава е во НАТО и во Европската Унија и се надевам дека САД ќе продолжат со политиките на поддршка на евро-атлантска интеграција“, вели Заев во честитката до Трамп.