Македонија Заев лидерската ја закажа во Клубот на пратеници, денеска во 18 часот

Заев лидерската ја закажа во Клубот на пратеници, денеска во 18 часот

Претседателот на Владата и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, закажа лидерска средба за утре во Клуб на пратеници во 18 часот, информираат од Владата.

„Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието“, се вели во соопштението на Влада.