Македонија Заев: ДИК ќе го каже датумот за избори

Заев: ДИК ќе го каже датумот за избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Кина во Македонија, Зеншун Вен.

На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за продлабочување на односите на Македонија со Кина.

– Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, прочистувањето на избирачкиот список и регулација на медиумите. Очекуваме независната институција задолжена списокот, Државната изборна комисија, наскоро да излезе со процена на роковите потребни за ефективно и квалитетно прочистување на избирачкиот список. СДСМ е одлучен за доследно спроведување на Договорот од Прижино. Неопходни се фери и регуларни избори во Македононија, за што мора да се обезбедат доверлив избирачки список и минимум услови за објективно известување од медиумите – рекол Заев.