Главна секција Заев: Ако ЕУ не дејствува разочарувањата ќе бидат непоправливи

Заев: Ако ЕУ не дејствува разочарувањата ќе бидат непоправливи

Фото: Влада на РСМ

Народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела. Според соопштението од Владата, ова премиерот Заев го истакнал на денешната прва негова средба при посетата на Словенија по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо-Крањ.

„Ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка“, рекол Заев на средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, премиерот на Словенија, Јанез Јанша и претседателот на Бугарија, Румен Радев.

„На средбата беше потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, беше поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот,“ се вели во соопштението од Влада.