Дописници Заболе сестра од Неонaтологија од Штип, седум родилки со бебињата во изолација

Заболе сестра од Неонaтологија од Штип, седум родилки со бебињата во изолација

Персоналот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Позитивна на ковид-19 е медицинска сестра од Неонaтолошкиот оддел на Гинеколошко – акушерското одделение до Клиничката болница во Штип, по што седум родилки од Источниот регион, со нивните бебиња, се ставени во изолација. Направена е дезинфекција на одделението. Ова пополаднето го потврди директорот на Клиничката болница од Штип, Ален Ѓеорѓијев.

„Од Центарот за јавно здравје прават анкети и досега на шест вработени im препорачаа самоиозлација. Се работи за цела смена која имала 24-часовно дежурство со заболената медицинска сестра“, изјави Ѓеорѓијев.

На Физикална терапија позитивни се двајца, како и една медицинска сестра од Инфективното одделение.

Од почетокот на епидемијата вкупно десет медицински работници заболеа од ковид -19.

Во Клиничката болница уште од стартот на епидемијата се работи со редуциран кадар. Околу 10% од вработените или 40 вработени веќе три месеци не работат, поради правото да останат дома со своите деца до 10-годишна возраст.