Македонија За три дена, трет земјотрес во Штип

За три дена, трет земјотрес во Штип

Ова е трет потрес што го погоди регионот на Штип, откако првиот се случи во средата

Фото: Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) / Твитер

Земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Оттаму велат дека според досегашните податоци, земјотресот се случил во 11 часот и 31 минута на епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил почувствуван од жителите во околината на Штип.

И Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар исто така информираа дека во овој регион е почувствуван потрес, но дека нема сеизмички податоци кои би потврдиле земјотрес.

За три дена, ова е трет потрес што го погоди регионот на Штип. Во раните утрински часови во средата се случи земјотрес со јачина од 3 степени, а вчера попладне се случи уште еден со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала.