Македонија За иницијативите за распуштање на Собранието, пратениците ќе расправаат в понеделник

За иницијативите за распуштање на Собранието, пратениците ќе расправаат в понеделник

Двете предлог-одлуки за распуштање на Собранието, кои утринава ги поднесоа СДСМ и Демократскиот сојуз, веќе се ставени на дневен ред на пленарна седница.

Двете точки, од кои право е барањето на Павле Трајанов од ДС, се ставени на дневен ред на седницата која е закажана за понеделник во 12 часот, веднаш по точката за донесување на буџетот за 2017 година.

Претходно, СДСМ ги повика претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат нивната иницијатива за распуштање на Собранието, за да можат изборите да се одржат на 11 декември.

Од владејачката партија информираа дека ќе ја поддржат иницијативата, по што Вељаноски преку соопштение извести дека седницата за распуштање на осмиот состав на пратеници ќе ја закаже за идниот понеделник.