Македонија За групирање на журка во стан, ОЈО предложи казна од по 2.000...

За групирање на журка во стан, ОЈО предложи казна од по 2.000 евра за осум лица

Photo by Jonah Brown on Unsplash

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против осум лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд-Скопје за обвинетите полнолетни лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна вредност од 20 евра.

„Обвинетите, на возраст од 18 до 22 години, на 8 јануари биле затекнати на приватна прослава на улицата „Васил Ѓоргов“, во домот на една од обвинетите. На истата прослава биле затекнати и седум малолетни лица, за кои ќе се спроведе постапка согласно Законот за правда на децата“, соопштија од ЈО на РСМ.

Обвинетите постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на опасна заразна болест, а кои се однесуваат на забрана за одржување на прослави на отворен и на затворен простор, во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година, се додава во соопштението.